| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, двајца потешко повредени

Две лица се потешко повредени во две од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Скопје. Во три сообраќајки полесно се повредени пет лица, а во шест регистрирана е само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се и поголем број прекршоци меѓу кои 19 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, пет возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, 13 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, а 32 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Биле регистрирани 49 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 52 возила. Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во градинка „Срничка“, објект „Изворче“, која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top