| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат труења од храна во скопските угостителски објекти: Пет лица затруени од храна од Гостилница „ДМ“

Пет лица со знаци на акутно труење со храна побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести, откако конзумирале храна од скопската Гостилница ДМ, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој бил известен од Центарот за јавно здравје-Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши вонреден инспекциски надзор во „Гостилница ДМ“, лоцирана на ул. “Орце Николов“, заедно со екипа на ЦЈЗ Скопје и со претставници од Агенција за храна и ветеринарство, при што било констатирано незадоволително ниво на хигиена во објектот, по што веднаш е извршена превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектот од овластена установа.

При надзорот се земени материјали за микробиолошко испитување:

–   десет брисеви од работни површини во кујна и од кујнска опрема,

–   брисеви од нос и грло од присутните шест вработени лица,

–  испироци од раце од четири затекнати вработени лица во кујна и на шанк;

–  5 мостри од храна според епидемиолошкиот увид на екипата од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје.

Објектот е времено забранет за употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top