| четврток, 6 декември 2018 |

Улицата „Ангел Димовски“ во Аеродром доби нов лик (Фото)

Општина Аеродром изминативе неколку година активно работи на урбанизација и раззеленувањена просторот на својата територија. Во таа нaсока комплетно е реконструирана улицата „Ангел Димовски“ која се наоѓа во близина на поликлиниката „Јане Сандански“.

Оваа улица со должина од 300 метри и широчина од 5 метри доби нов асфалт, како и нови тротоари со широчина од 2 метри и нови сливници за подобро одводнување на атносферските води.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top