| четврток, 6 декември 2018 |

Автопатот затворен, колони возила чекаат: 25 повредени лица во несреќата кај Велес, меѓу нив возачот и 6 годишно дете

Поради сообраќајната незгода во која попладнево автобус падна во провалија кај Велес, автопатот Скопје – Велес се уште е затворен и создадени се колони од возила кои чекаат.

Според последните неофицијални информации во несреќата кај Велес се повредени 25 лица, меѓу кои и возачот. Покрај со возила на брзата помош, повредените патници и со приватни возила биле превезувани во велешката болница и на Урегентиот центар во Скопје.

Меѓу повредените е и 6 годишно девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top