Сообраќајна несреќа се случила попладнево на патниот правец Велес – Скопје, на околу два километри после патарина Сопот кај Велес.
Автобусот, за кој се уште не знае од која компанија е, паднал во провалија. Во возилото имало и деца, тврдат очевидци за Канал 77 кои испратиле фотографии на кои можат да се видат дел од патниците како седат крај патот и примаат помош. Уште неколку домашни медиуми јавија дека има повредени во несреќата, но се уште не се знае нивниот број и сериозноста на повредите.
На местото на настанот интервенирала и противпожарна екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.