Шпанецот не крие дека ќе почне да бара нов клуб, отккао сопственикот на “црвено – црните”, Сергеј Самсоненко најави дека ќе се повлече од трите клуба, од наредната сезона.
–Тоа што од идната сезона ќе си заминам од Вардар поради најавата на спонзорот Сергеј Самсоненко дека повеќе нема да инвестира во Вардар, не се однесува и на македонската репрезентацијата. Јас и понатаму останувам на селекторското место, имам договор со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и истиот ќе го почитувам. Нѐ очекува Европското првенство (ЕП), кое следната година ќе се одржи во Хрватска, а на кое и Македонија обезбеди настап. Во Македонија се чувствувам одлично, а ракометот е многу популарен спорт, кој има голем број приврзаници, што се виде и при нашето освојување на европската круна – вели Гонзалез во изјава за весникот „Нова Македонија”.
Гонзалез дојде на чело на националниот тим, откако Лино Червар си поднесе оставка и се пресели на клупата на Хрватска. Шпанецот дебитираше со убедлива победа над Исланд, ја крена самодовербата и обезбеди пласман на ЕП, и тоа како првопласирана селекција во групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.