| четврток, 6 декември 2018 |

Паулињо претставен во Барселона: Ќе се потрудам се што беше направено за мене да го вратам на терен

Барселона денеска официјално го претстави Паулињо како нов играч во екипата на Ернесто Валверде. Бразилецот доаѓа како прво засилување на „каталонците“ по заминувањето на Нејмар во ПСЖ, а тимот на Гуанжу Евергранде за овој трансфер инкасираше 40 милиони евра.

– Паулињо беше една од нашите желби и пред Валверде да стане тренер на Барса, така што тврдењата дека Ернесто единствен форсирал за негов трансфер не се точни. Поразите од Реал Мадрид не погодија многу, како играчите, така и тренерот и управата. Меѓутоа, тие два порази нема да ја променат нашата филозофија и желбата оваа сезона да освојуваме трофеи, изјави Роберто Фернандез, спортскиот директор на Барселона.

– Ова е посебен момент за мене. Благодарен сум на клубот што до крајот се бореше за мојот потпис. Ќе се потрудам за сето она што беше направено за мене да го вратам на теренот. Дојдов во Барселона да освојувам трофеи, изјави Паулињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top