| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена е причината-еве зошто Анџелина и Бред го откажаа разводот!

Анџелина Џоли и Бред Пит ја прекинаа бракоразводната парница која ја покренаа пред неколку месеци.

Имено, иако многумина мислеа дека откажувањето на разводот е од некоја романтична причина, всушност станува збор за причини од економска природа.

Имено поранешниот пар сфатил дека во моментната ситуација разводот ќе им донесе финансиски проблеми и дека е прескапо официјално да го завршат бракот.

-Станува збор за финансиски причини. Имаат многу недвижнини, а има и многу подрачја кои не се дефинирани со предбрачниот договор- изјавил за британските медиуми, еден познаник на славниот пар.

Објаснил дека Бред сака да го задржи својот имот во Франција и да ја остави својата марка вино, додека Анџелина сака се да распродаде и парите да ги подари во добротворни цели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top