| четврток, 6 декември 2018 |

По 20 години ќе и го вознемируваат духот-гробот на принцезата Дијана ќе биде преместен во Лондон?

Во таблоиди почна да се шпекулира дека останките на принцезата Дијана за 20-годишнината од нејзината смрт ќе бидат преместени во Лондон.

„Радар онлајн“ пишува дека Дијана била закопана на остров на имот на нејзиниот татко, за да може семејството да ја сочува приватноста, но сега се засилиле гласините дека нејзиниот гроб ќе биде преместен во Лондон каде што ќе им било полесно на обожавателите да го посетат нејзиниот вечен дом, односно „таа да била поблиску до народот“.
Се забележува дека во текот на двете децении од смртта немало многу луѓе кои го посетувале гробот на Дијана, па немало ни заработка.

– Заради тоа кралското семејство смета дека е подобро нејзиниот гроб да се премести во центарот на Лондон – тврделе извори од Бакингемската палата.

Наводно и синовите на Дијана, Вилијам и Хари, ретко можеле да се забележат на гробот на нивната мајка, што пак со години поттикнуваше гласини дека нејзините останки всушност се закопани на тајно место.

Ниту 20 години по трагичната смрт на Дијана во парискиот тунел, интересот и љубовта за неа не се намалуваат. Повремено и некој нов документарен филм или претходно необјавено интервју со Дијана се појавува во јавноста и ги враќа сеќавањата на некогашната британска принцеза.

Наводно тоа посебно ја нервирало кралицата Елизабета, а несреќна била и сопругата на принцот Чарлс, Камила, жената со која принцот ја изневерувал Дијана од самиот почеток.

– Камила не може да разбере дека Дијана и понатаму е обожавана, а сега ќе доаѓаат да и оддадат почит насред Лондон – наводно изјавиле луѓе од палатата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top