Љупчо Палевски, бизнисмен од Скопје, вечерва е приведен во полициска станица по барање на СЈО, јави 24 Вести повикувајќи се на информации добиени од извори од СЈО. Според истите, во СЈО се води предистражна постапка за Палевски.
Тој најверојатно се поврзува со објавени разговори помеѓу јавни личности меѓу кои новинари и бизнисмени кои завршија на каналот „Јутјуб“ на акаунт со назив „Тесла“. Драган Павловиќ-Латас беше помеѓу оние новинари кои во СЈО пријавија вакви злоупотреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.