Во Управата за јавни приходи веќе еден месец вработените прават анализа на скандалот кога една од вработените дошла на работа без гаќи, јавува Макфакс. Некој се пожалил кај новата директорка на Управата, Сања Лукаревска, дека е непристојно облечена, па таа до сите вработени испратила кодекс на однесување.
– Ни стана чудно што директорката, која не доаѓа од некоја друга институција, туку е од тука, нѐ познава сите, ни испрати имејл со наредба доследно да го почитуваме кодексот на однесување, но набргу се расчу дека тоа го направила оти некоја од колешките на работа дошла без гаќи. Сега анализираме кој ја пријавил, дали некоја странка или некој од нас, вели вработен во Управата.
Освен колешката без гаќи, тој вели дека имало и многу други што не го почитуваат кодексот. Колега што работи со странки често се случувало да ги соблече чевлите и цел ден да оди бос по теписонот со објаснување дека му е многу жешко, а длабоки деколтеа и безобразно куси здолништа биле секојдневие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство