Наместо во екот на сезоната Струга да брои туристи, ние броиме престрелки, жртви, инциденти и колку пати над дозволеното депонијата го загадува воздухот. Власта, и локална и централна, се директно одговорни за хаосот што го гледаме од ден на ден во Струга, сметаат од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Струга.
– Вчера среде бел ден беше убиено едно лице. Како да нема полиција. Убиецот си влетал во барот и си пукал. Струга и стружани се вознемирени и исплашени. Стравуваат за својата безбедност и сопствените животи. Стравуваат за животите на своите блиски бидејќи гледаат дека полицијата под раководство на СДС нема капацитет да ги заштити. Кога се стружани вознемирени, може да претпоставите како хаосот се одразува на нашите гости. СДС со својата неодговорност и неспособност целосно ја уништува Струга, изјави Дејан Пауноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Тој кажа дека е недозволиво е за еден туристички град чии граѓани живеат во текот на целата година од приходите кои ги добиваат за време на летните месеци, од локалната и централната власт да добие само хаос и безредие. Тој спомнеа дека најпрвин ја виделе неспособноста на влада од 25 министри да го изгаси пожарот во локалната депонија кој ги задуши стружани и ги избрка туристите. А кажа и дека вчера се случи и свирепо убиство на плажа среде бел ден пред угостителски објект во екот на туристичката сезона.
– СДС и и неспособната влада на Заев се директно одговорни за пропаднатата туристичка сезона како резултат на еколошката катастрофа и загрозената безбедност во Струга. Бараме одговорност од Оливер Спасовски кој дозволи улиците на Струга да станат сцена за криминални пресметки. Бараме одговорност од градоначалникот и министерот за животна средина Садула Дураку кои дозволија неколку месеци стружани да се гушат во канцероген чад неможејќи да угасат еден обичен пожар во локалната депонија или пак да спречат воопшто тој да се случи, изјави Пауноски.
Тој додава дека граѓаните на Струга кои гласаа за СДС и нивната владина коалиција гласаа за живот, а наместо тоа добија подем на криминалот во Струга и рекордна загаденост на воздухот, благодарениe на матните зделки кои градоначалниците ги прават со газдите на депонијата.
Струга во среде туристичка сезона е град на духови, град без туристи без насмевки на задоволните посетители кои стружани со години се навикнати да ги гледаат.Одговорноста за неспособната локална и централна власт ќе дојде набрзо на локалните избори на 15 октомври, а делегитимирањето на оваа неодговорна власт на локалните избори ќе доведе и до предвремени парламентарни избори. На предвремените парламентарни избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и туристите пак ќе станат главното обележје на градот, порача Пауноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.