| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Паулињо е нов фудбалер на Барселона

Бразилскиот играч за врска, Паулињо, е првото засилување на Барселона по заминувањето на Неимар во тимот на ПСЖ. Шпанскиот гигант денес ја потврди оваа вест на својата официјална веб-страна. Тој во редовите на „каталонците“ пристигнува од кинескиот  Гуангжу Евергранде, кој од овој трансфер ќе заработи 40 милиони евра.

Повремениот бразилски репрезентативец подолго време се поврзуваше со Барселона, а по вчерашниот пораз од Реал М. на додмашен терен од 1-3, повеќе од очигледно е дека на „каталонците“ ќе им требаат сериозни засилувања во новата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top