Денеска во утринските часови времето е променливо облачно, а во северозападните подрачја со слаб локален дожд. Во текот на денот, облачноста ќе се намалува и времето ќе биде сончево со умерена облачност.
Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје, во утринските часови ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер, а кон крајот на денот ќе го смени правецот во северозападен.
Утринска температура ќе достигне 14 Целзиусови степени, а дневната 27 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.