| четврток, 6 декември 2018 |

Платила 43.000 евра за стан – открила дека не постои зградата

gradeznistvo (Small)

Битолчанка уплатила околу 43.000 евра за купување стан во изградба, а по една година чекање, видела дека зградата каде што треба да е нејзиниот стан воопшто не се ни гради. Жената сфатила дека е жртва на измама и пријавила во полиција.

СВР Битола јавува дека поднеле кривична пријава против Љ.Р.(38) од Битола, управител на „Перпетуум мобиле“ – Скопје, подружница Битола, Љ.П.(55) од Скопје, управител на „Маврово Инжињеринг“ ДОО Скопје и против наведените правни лица за кривично дело измама.

Во текот на 2010 година, пријавените со лажно прикажување на факти ја довеле во заблуда А.Ј. од Битола да потпише договор за купопродажба на стан во зграда на Маврово инжињеринг,  во Битола, иако знаеле дека Маврово инжињеринг е со блокирана жиро сметка и дека не е во состојба да ги заврши градежните работи, како и да склучи договори за цесија помеѓу неа како физичко лице и двете фирми кои имале меѓусебна соработка, а парите за станот во износ од 2.613.614 денари да ги уплати на сметката на „Перпетум мобиле“. По измината една година, А.Ј. увидела дека во зградата во која се наоѓа предметниот стан воопшто не се одвиваат никакви договори и случајот го пријавила во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top