Дана Вулин, на која 65 отсто од телото и беше прекриено со изгореници, а лицето целосно уништено, денеска гордо го покажува своето тело, пренесува „Македонија денес“.
Инцидентот за кој зборуваше целата светска јавност се случи пред неколку години, кога љубоморната Натали Димитровска од Битола ја нападна Дана Вулин во нејзиниот дом во Австралија. Љубоморната жена, која си помислила дека Дана има нешто со нејзиниот сопруг влегла во станот на убавата Вулин во Перт .
Под дејство на дроги, Наталија и кажала на Дана дека ја видела како зборува со нејзиниот сопруг на новогодишната прослава и дека ќе и го уништи нејзиното убаво лице. Во тој момент и фрлила метил алкохол врз телото и лицето, па ја запалила. Дана Вулин се здоби со 65 проценти изгореници на телото, а лицето и беше целосно изгорено.
Од вистинска убавица, Дана се претвори во девојката со маската и 30 месеци мораше да се опоравува од хоророт што и се случи. Оваа прекрасна девојка, по потекло од Македонија не го изгуби својот дух и надеж и реши да издржи и да не се предава. По 2 ипол години конечно и беше направена реконструкција на лицето и таа пред светските медиуми за првпат ја тргна маската.
Поминала низ периоди на депресија, сакала да се самоубие, вели дека сите ја гледале како чудак, но желбата да се опорави на крај сепак била посилна од сите лоши мисли.
Погледнете како изгледа Дана денес и што се случи со љубоморната битолчанка овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.