Кумановец ги викнaл на помош браќата и чичковците физички да се пресметаат со друго семејство само поради тоа што претходно не му дале на заем акумулатор. Потоа сите побарале помош во кумановската болница.
Според МВР, вчера, околу 14.30 часот, во месноста викана Говедарски Пат, во Куманово, А.Љ.(17) од Куманово отишол во работилницата на Џ.Љ.(52) за да побара акумулатор и алат за работа, а откако синовите на Џ.Љ., Г.Љ.(35) и Р.Љ.(42) не му го дале алатот, по кратко време се вратил заедно со неговиот чичко Р.Љ.(34) и неговите браќа Е.Љ.(42) и Џ.Љ.(39), каде што настанала вербална расправија, а потоа и тепачка во која била употребена и дрвена палка, нанесувајќи му на Г.Љ. тешка телесна повреда на раката.
На Г.Љ. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово, а лекарска помош побарале и останатите учесници. Од страна на СВР Куманово се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.