| четврток, 6 декември 2018 |

Локални избори: Тарчуловски и Коневски со највисок рејтинг во Кисела Вода и Аеродром

Анкетите го мерат пулсот на граѓаните, а на 20 август ќе бидат соопштени официјалните кадидати за градоначалници на претстојните локални избори. Засега е извесно дека во клинч за градот Скопје ќе се фатат Трајановски и Шилегов, Јакимовски и Десковски ќе се борат за Карпош, Коневски и Марин за Аеродром, а синот на Зоре Темелковски, Филип, или Елена Костова од СДСМ ќе си ги одмерат силите со Јохан Тарчиловски од ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Од она што досега го покажуваат рејтинзите, трката во Аеродом, меѓу актуелниот Коневски и потенцијалниот кандидат на СДСМ Златко Марин, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е во сериозна предност, а аеродромци, задоволни од сработеното, и на овие избори ќе го наградат со својата доверба досегашниот градоначалник.

Интересно ќе биде и во Кисела Вода. Според наши ниформации, на анкетите меѓу граѓаните најдобро котира кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, а зад него значително заостануваат синот на Зоре Темелковски, Филип, и Елена Костова како можни кандидати од СДСМ.

Тензично ќе биде и во Битола, оти неофицијално таму СДСМ ќе го отстапи местото за лидерот на ЛДП, Горан Милевски, а од друга страна пак јавна тајна е близината меѓу неговата партија и коалициониот партнер на Груевски – ГРОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top