| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Филмскиот фестивал во Сараево

Утре во Сараево, Босна и Херцеговина почнува 23. Сараевскиот филмски фестивал (СФФ) кој ќе трае осум дена и ќе бидат прикажани 235 играни, докуменарни и кратки филмови во 18 програми. Фестивалот го отвора филмот „Другата страна на надежта“.

На Фестивалот, кој ќе трае до 18 август, ќе биде промовирана и новата српска тв-серија на Драган Бјелогрлиќ „Сенки над Балканот“ која се снимаше на локации во Преспа и Битола. Еден од копродуцентите на серијата е и македонското „Скопје филм студио“.

Наградата „Почесно срце на Сараево“ ќе ја добие режисерот Оливер Стоун, како и актерот Џон Клис, за исклучителен придонес во филмската индустрија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top