Утре во Сараево, Босна и Херцеговина почнува 23. Сараевскиот филмски фестивал (СФФ) кој ќе трае осум дена и ќе бидат прикажани 235 играни, докуменарни и кратки филмови во 18 програми. Фестивалот го отвора филмот „Другата страна на надежта“.
На Фестивалот, кој ќе трае до 18 август, ќе биде промовирана и новата српска тв-серија на Драган Бјелогрлиќ „Сенки над Балканот“ која се снимаше на локации во Преспа и Битола. Еден од копродуцентите на серијата е и македонското „Скопје филм студио“.
Наградата „Почесно срце на Сараево“ ќе ја добие режисерот Оливер Стоун, како и актерот Џон Клис, за исклучителен придонес во филмската индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст