| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија без еден од клучните играчи на Европскиот шампионат (видео)

Европскиот кошаркарски шампион Шпанија го загуби првиот плејмејкер Серхио Љуљ за Евробаскетот. Ѕвездата на Реал Мадрид сериозно се повреди на пријателскиот натпревар со Белгија.

Асот на Реал Мадрид го повреди коленото и со минути со болна гримаса остана на лежи на паркетот. Веројатно станува збор за оштетување или кинење на лигаментите и најмалку четири месеци пауза од терените.

Селекторот Серџо Скариоло се соочува со голем проблем, бидејќи Љуљ беше во голема форма воочи Евробаскетот. Шпанија синоќа пред своите гледачи загуби од Белгија со 71-89.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top