Повторно гори во Општина Ѓорче Петров, овојпат во близина на селата Никиштани и Грачани. Од Центарот за управување со кризи известија дека пожарот е на непристапен планински терен и се шири кон реката Лепенец.
И покрај исклучително лошиот терен за гаснење на пожарот испратени се шест лица со две возила, но најверојатно ќе биде неопходна интревенција од воздух.
Како што информира командирот на Територијалната противпожарната единица од Кавадарци Илчо Богевски, пожар избувна попладнево и над росоманското село Дебриште.
Горат нискостеблеста шума и сува трева на површина од околу три хектари.
На територијата на целата земја и натаму има активни пожари, често на многу непристапен терен поради што споро се одвива нивното локализирање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.