| четврток, 6 декември 2018 |

Скопскиот дувачки квинтет вечерва настапува во Њујорк

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во познатата Bohemian City Hall во Њујорк, на свечената прослава по повод 20 години членство на Република Македонија во ОН, на која ќе присуствува и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Mун.

Прославата во ОН Македонија ја организира заеднички со Чешката Република, Словачка, Монако и Андора, кои, исто така, прославуваат јубулеј 20 години од членство во Светската организација.

Членови на овој реномиран камерен ансамбл, кој успешно ја претставува македонската култура, како во земјата, така и во странство, се: Марија Јакимовска – флејта, Васил Атанасов – обоа, Ристо Ѓоревски – кларинет, Марјан Милошевски – фагот и Александар Гошев – хорна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top