Манчестер јунајтед ќе почека уште одреден период до освојување на нов трофеј од Суперкупот на Европа, откако синоќа загуби од европскиот првак Реал Мадрид со 2-1 во мегаспектаклот во Скопје. Избраниците на Жозе Мурињо не можеа да им се спротивстават на „кралевите“, кои имаа речиси комплетна контрола на играта и на резултатот. Манчестер јунајтед притисна при крајот, но не успеа да стигне и до изедначување за продолженија.
Најинтересната фотографија, сепак, ја понуди Маруан Фелаини. Неговиот израз на лицето во еден момент од мечот, како јасно да отсликува како си помина Јунајтед во Скопје.
– Благодарам за оваа фотографија. Навистина е интересна – напиша тој на „Твитер“, откако си го виде изразот на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.