| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со семејството на трибините на „Филип Втори“

Во исчекување на најубавото фудбалско доживување!, е коментарот објавен под фотографијата на официјалната Фејсбук страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој вечерва е на трибините на градскиот стадион „Филип Втори“ каде се игра натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Со него се и двете ќерки и сопругата Боркица.

Претходно Груевски се сретна со првиот човек Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Швајцарецот Џани Инфантино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top