Екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед веќе тренираа во Скопје и ги почувствуваа пеколните температури, па поради истите УЕФА ќе мора да го прекинува натпреварот на секои 30 минути за фудбалерите да се разладуваат.
Поради температурите кои во изминатите денови го достигнуваат и 40-тиот степен, УЕФА ќе им дозволи на фудбалерите трипати да пијат вода за време на мечот. Според правилата, ако температурата во Скопје за време на натпреварот достигне 32 степени, ќе следат прекини во 30 и во 60 минута за фудбалерите да се разладат.
Исто така, пауза може да има и по регуларните 90 минути нормално, доколку натпреварот заврши нерешено и појде во продолженија. Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, чиј меч во Суперкупот стартува од 20.45 часот, не би требало да чувствуваат големи температурни шокови, со оглед на тоа што дел од подготовките ги одработија во Лос Анџелес, САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.