Полицијата приведе 41-годишен скопјанец, кој се обидел да препродава билети за претстојниот натпревар од УЕФА Супер куп, меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кој ќе се игра вечерва на Националната арена „Филип Втори“.
Скопјанецот нудел и рекламирал карти на интернет за продажба по цена од 600 евра. Тој се обидел да продаде две карти, оставил телефон за контакт и адреса, по што службите го лоцирале и го привеле. Како докази, одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичките.
Неодамна Собранието на Република Македонија едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на кривичниот законик според кој со истиот се воведуваат санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.