Mлад италијански пливач починал за време на тренинг.
Како што пренесуваат медиумите од Апенините, станува збор за младиот Матија Дал Аљио, кој имал само 24 години.
Пливачот починал од природна смрт при кревање тегови вчера попладне во сала во Модена, која се наоѓала во близина на пожарникарна служба.
Еден од пожарникарите се обидел да го реанимира младиот пливач, но за жал неуспешно. Според италијанските медиуми, Дал Аљио најверојатно починал од срцев удар, но обдукцијата треба да ја утврди точната причина за смртта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!
-
Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање