| четврток, 6 декември 2018 |

Журката ќе биде во ложата: Манекенки, мисици и домаќинки ќе ги бодрат фудбалерите (ФОТО)

Фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед веќе го одработија предвидениот тренинг на „Филип Втори” во пресрет на одигрувањето на Супер купот на УЕФА. Се е подготвено за големиот фудбалски спектакл во Скопје, но ако по некоја счучајност не сте на трибините за да гледате фудбал, фрлете поглед кон вип ложата, несоменно таму ќе има што да видите.

„Кралевите” и „црвените ѓаволи” доаѓаат со сопругите и девојките.

Аличе Чавез – Карим Бензема

Кармен Муњоз – Иско

Пилар Рубио – Серхио Рамоз

Пилар Рубио ќе го бодри својот сопруг, капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос. Таа е Мис на Шпанија со која има и наследник. На оваа убавица друштво во ложата ќе и прават секс – бомбите, Аличе Чавез, девојката на францускиот интернационалец Карим Бензема и понежната половина на Иско, Кармен Муњоз.

Во црвената половина од ложата на „Филип Втори” треба да бидат Едурне Гарсија, вереница на голамнот Давид де Хеа, потоа секс бомбата на Крис Смолинг – Сем Кук и на Антонио Марсијал, Мелани да Круз.

Сем Кук – Крис Смолинг

Мелани да Круз – Антонио Марсијал

Едурне Гарсија – Давид де Хеа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top