Овој викенд во Берлин се одржа првото Европско првенство во гол фудбал.
На тридневниот настан, кој можеа да го видат само возрасни посетители, моќта на фудбалскиот терен ја тестираа екипи составени од професионални и аматерски порноактери, а фудбалските правила беа зачинети со „секси“ додаток. Поточно, за секој примен гол, сите играчи на тимот мораа да отстранат по едно парче од облеката.
Публиката во Берлин, освен во голите игри, уживаше и во разни презентации, предавања, балетски претстави и други изложби подготвени од страна на целосно соблечени девојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.