| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон обвини воен генерал за трошење владини пари по стриптиз клубови

Истрагата која ја покрена Пентагон покажа дека некогашниот воен советник на министерот за одбрана Еш Картер ја користел платежната картичка на Владата на САД за трошоците за пиво и ,, непристојни интеракции‘‘ со жени во стриптиз клубови во Рим и Сеул.

Во извештајот на инспекторот од американското Министерство за одбрана, се наведува дека генерал мајор Рон Луис непрописно ја користел својата картичка, ги лажел банките дека ке ги покрие трошоците, како и дека е виновен за ,, однос недоличен за офицер‘‘

klub-f1

Генералот Луис кој минатата година доби отказ од Еш Картер поднесе демант на тврдењата наведени во извештајот. Луис посочува дека наводите се неточни како и тоа дека истражителите ,,не ја знаат правата вистина‘‘

Генералот во демнат сепак превзема дел од одговорноста за неколку ,, непристојни постапки‘‘, вклучувајки трошок од 1.800 долари за една вечер во ,,танцов клуб‘‘ во Рим. Тој пишува дека до тој трошок дошло поради ,,неугоден сплет на околности‘‘
Луси сакал да плати со својата картичка по забавата, но се покажало дека неговата картичка ,,не поминува‘‘.

Откако се случило тоа со девојката од клубот пишува дека замина во хотелот каде ги разбудил вработените во министерството на САД за да му ја дадат службената картичка да го подмири трошокот со ветувањедека парите ке ги врати по враќањето во Америка.
Во извештајот на инспекторот од Пентагон се наведува дека парите се потреошени во клубот ,,Цица Цица Бум‘‘ , но генералот демантира и тврди дека тоа било клуб за угледни господа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top