Големо мнозинство испитаници не го поддржуваат во сегашната форма неодамна поптишаниот договорот за добрососедство со Бугарија и сметаат дека одредбите од овој документ одат во полза на Софија, покажуваат резултатите од анкетата на Институт „Павел Шатев“ објавени во понеделникот.
На прашењата околу споменатиот договор, во кои не се опфатени испитаниците Албанци, 22,4 отсто одговориле дека го поддржуваат договорот со Бугарија, но дури 62,5 проценти се изјанисле дека тој ја нема нивната поддршка. Со „не знам“ на прашањето „Генерално, дали го поддржувате или сте против договорот за добрососедство со Бугарија“ одговориле 15,1 отсто од анкетираните.
Сличен е соодносот меѓу испитаниците на прашањето „ Дали сте за или против славење на важни историски настани за Македонија како на пример Илинден заедно со Бугарија“. Имено, за заеднички празнувања се изјасниле 19,8 отсто, додека „против“ рекле дека се 57,9 проценти од анкетираните, а не знаат или не сакаале да се изјаснат 22,3 отсто.
Само 7,8 отсто од испитаниците одговориле потврдно во полза на Македонија на прашањето „Според вас во чија корист е потпишаниот договор со Бугарија?“. Наспроти тоа 62,4 отсто сметаат дека договорот е во корист на бугарската страна. Дека договорот е во корист и на двете држави, пак, сметаат 20,5 отсто од испитаниците.
Анкетата е спроведена телефонски во периодот меѓу 3 до 5 август на примерок од 1.350 испитаници на ниво на целата територија на Република Македонија, а резултати подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година