Mиливоје Јанковски и Венера Крлиу-Ханџиски се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2017 година, соопшти Министерството за култура.
Наградата им се доделува за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 26 август 2017 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.