| четврток, 6 декември 2018 |

„Ако долго гледаш во понорот“ од Енес Халиловиќ објавена на македонски јазик

Издаваштвото ,,Везилка 2011″ објави превод на романот  ,,Ако долго гледаш во понорот” од Енес Халиловиќ, познат на македонската литературна јавност по својата поезија.

Халиловиќ е автор на пет стихозбирки, две збирки раскази и две драми, како и на романт ,,Еп за водата”. Ова му е втор роман.

Халиловиќ е добитник на угледните награди ,,Меша Селимовиќ”, ,,Бранко Миљковиќ”, ,,Ѓура Јакшиќ” и ,,Ахмед Вали”. Неговите дела се преведени на англиски, полски, руски, арапски, турски, француски, романски, украински, унгарски, словенечки, летонски, албански, македонски, грчки, бугарски и каталонски јазик.

Најновиот роман на Халиловиќ ,,Ако долго гледаш во понорот” за мото ја има мислата на Фридрих Ниче: Кој се бори со чудовишта,мора да внимава притоа и самиот да не стане чудовиште. И ако долго гледаш во понорот, и понорот гледа во тебе”.

Всушност, тоа е потресна и трагична приказна за распаѓањето на едно сиромашно семејство во калта на транзицијата, за времето кога социјалистичките фабрики се распаѓаат а сите бизниси, базирани пред се на шверцот, ги презема раскалашеното мафијашко јато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top