ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата дека не може да се справи со пожарите.
– Владата на Заев веќе неколку денови не може да изгаси нормални летни пожари. Пожари беснеат во Зрновци, Ѓорче Петров, Сарај, Матка, а Владата на Заев ги игнорира и со прст не мрднува. Поради неажурноста и ненавремена интервенција пожарите прераснаа во вистинска опасност за жителите на Поречието. Заев и СДС не смеат да дозволат да бидат волку неодговорни. Народот ги повикува на помош, а тие немаат совест да помогнат- наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Како што стои во соопштението, поради неодговорноста и неспособноста СДС ќе се соочи со политичка одговорност на локалните избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Уште една оставка во Грција поради пожарите
-
По пожарите во Грција сменети се началниците на полициските сили и противпожарната бригада