| четврток, 6 декември 2018 |

Се рушат рекорди: Хрватска денеска е најжешката земја во Европа

Според податоците на “Severe Weather Europe”, Хрватска денес била најжешката земја во цела Европа. Пред осум часот наутро во Дубровник биле измерени 31 степен, во Сплит 30, а метеоролозите најавиле дека во внатрешноста на Далмација денес температурата ќе се искачи до 42 Целзиуови степени.

Поради екстремните горештини кои што владеат во Хрватска, овие денови речиси за три пати бил зголемен бројот на итни медицински интервенции.

Најопасно било во околината на Задар каде што било забележано дури 153% повеќе интервенции во споредба со истиот период минатата година. Директорката на Хрватскиот завод за итна медицина, доктор Маја Грба Вуљевиќ, вели дека ситуацијата била посебно тешка во крајбрежните делови на земјата каде што било забележано екстремно зголемување на итните интервенции.

За викендот што предстои во Славонија се очекува температурите да се искачат од 44 до 45 степени, што ќе претставува самиот врв на топлотниот бран. Истовремено, значително е загреано целото Јадранско море, па утринава во водата биле измерени 28 степени што е повеќе од просекот. За време на викендот се очекува водата да биде потопла за два степени.

Метеоролозите соопштија дека овонеделниот топлотен бран ќе го достигне својот максимум во текот на денешниот ден, па така потоа се очекува дневната просечна температура во регионот да изнесува од 35 до 41 Целзиусови степени.

Од хратскиот државен хидрометеоролошки завод предупредуваат дека топлите денови и ноќи кај многумина можат да предизвикаат слаб сон, чувство на недостиг на енергија, брз замор и нервоза. Повеќе потешкотии ќе имаат хронично болните, лицата со срцеви заболувања и постарите луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top