Висока делегација од Катар, предводена од државен министер за надворешни работи на Катар Солтан бин Саад Ал Мураики оствари средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Арта Точи.
На средбите беa разменети мислења за нивото на билатералните односи меѓу двете земји, како и за можностите за интензивирање економската соработка.
Државниот министер за надворешни работи го запозна претседателот Иванов со актуелните предизвиците со кои се соочува Државата Катар и искажа интерес за случувањата во Република Македонија.
Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија со посебно внимание ги следи случувањата во регионот.
–Се надевам дека Државата Катар и лидерите од регионот низ дијалог и со заемен ангажман на мирен начин ќе придонесат за намалување на тензиите и обезбедување на стабилност и безбедност. Потребни се мудри решенија со кои ќе се стави крај на актуелната криза, истакна македонскиот претседател.
На средбата беа разгледани можностите за економска и трговска соработка меѓу двете земји, за реализација на конкретни инвестициони проекти, како и за потребата од натамошно унапредување на правната рамка меѓу двете земји.
Заменик-министерот Точи подвлече дека Република Македонија ги следи состојбите во регионот на Заливот и се надева дека преку конструктивен дијалог и на мирен начин Државата Катар и нејзините соседи ќе најдат излез од актуелната криза, со што ќе се намалат тензиите и обезбеди стабилност и безбедност во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст