Еден од најпопуларните српски пејачи, музичарот и композитор Жељко Јоксимовиќ, најави голем концерт во Македонија.
На 3 август Јоксимовиќ ќе го полни стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
На концертот, кој ќе трае повеке од два и пол часа, тој доаѓа во полн состав, заедно со неговиот „Тексас бенд“. Концертот во Охрид е дел од неговата актуелна турнеја низ Европа.
Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба следната недела, а организатор на концертот е „Мастер тим продукција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.