| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарот на Матка се шири кон браната, се бара поголема активност на надлежните и Владата

Пожарот кој денеска избувна на Матка се шири кон браната Матка и кон село Шишево. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат, но ветарот не им дозволува да ја држат состојбата под контрола. Според лица присутни на Матка, огнот е на само педесетина метри од браната.  Во близина на пожарот се наоѓа манастирот „Св. Никола“. Огнот од ветер се шири и кон Водно и кон околните села, како Шишево.

Се бара поголема активност на надлежните институции и Владата.

Матка гори, Скопје мириса на чад

Директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ за Макфакс изјави дека во борбата со огнената стихија учествувале 35 пожарникари и специјален хеликоптер за гаснење пожар, но поради непристапниот терен екипите биле повлечени и ќе можат да продолжат со гаснење дури утре во раните утрински часови.

Тој соопшти и дека има информации оти пироманот кој го подметнал пожарот е фотографиран од туристи и веќе се работи на негова идентификација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top