| четврток, 6 декември 2018 |

Гимнастичарката што го разведе Путин – ја најдов љубовта на мојот живот

Го најдов човекот на мојот живот, открива поранешната руска гимнастичарка Алина Кабаева (30), за која со години се шпекулира дека е љубовница на претседателот Владимир Путин и дека имаат две деца. Кабајева во интервјуто за руски медиум дадено пред извесно време не сакала да открие кој е „мистериозниот господин“.

Кабаева во сите свои јавни настапи кога била прашана за врската со Путин избегнувала да потврди  каква било афера, но нејзиното смешкање и гестикулации покажувале нешто сосема спротивно.

–  Секако дека сакам да се омажам, да имам семејство и деца – рекла Кабаева.

Таа на прашањето за кого сака да се омажи повторно почнала да се смее, но одговорила:

– Никогаш не сум размислувала за тоа, но животот носи секакви изненадувања. Во еден момент мислите дека сѐ е во ред, а во следниот здогледувате човек кој ви се допаѓа… Сѐ во врска со него ви се допаѓа. За таков човек сакам да се омажам – рекла Алина.

Дали веќе сте го запознале тој човек?

– Да, сум.

Таа потоа повторно се насмела не успевајќи да ја скрие среќата, а на прашањето од еден од присутните да го каже името на човекот на нејзиниот живот, таа нервозно одговорила.

–       Собравте храброст да го поставите тоа прашање, секоја чест – рекла Алина и додала дека нејзиниот избраник е исклучителен човек кого многу го сака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top