Законот за употреба на јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата и ќе се испрати до Венециската комисија – истакна денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
– Како партија тоа што сме го кажале пред да влеземе во Владата, зборувам за Движење за реформи – ДПА, тоа сме го кажале и првиот ден кога ме назначија за министер и влеговме во Влада, тоа го кажуваме и сега дека тој закон ќе помине во првите сто дена на новата Влада на Република Македонија – рече Таравари.
Посочи дека нема недоразбирања, нема потреба да ја напуштат Владата, бидејќи, како што рече, се координирани и тоа ќе помине.
Според него, ако тие имаат одговорност за 36.000 гласови на Албанци, повеќе албански гласови од нив има СДСМ.
– Така што и тие имаат обврска колку и ние, а да не зборуваме за ДУИ кои имаат речиси двапати повеќе од нас. Сметаме дека тоа ќе помине. Има согласност од сите коалициски партнери да помине во првите сто дена – додаде Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.