| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДС скрати од битолските студенти за да го вработи Цацко

Со првиот ребаланс на Буџетот во најава е новата партиска политика во Р. Македонија која граѓаните на Република Македонија скапо ќе ги чини, истакна на денешната прес-конференција Никола Јовевски од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Дали со кратење на скоро 700 милиони денари за опрема и модернизација на АРМ, СДСМ ќе го оствари предизборното ветување за замена на „излитените униформи“ на армијата и полицијата? Дали за само еден месец од нивното владеење се подобри состојбата во образованието за која ВМРО-ДПМНЕ беше критикувана изминатите години, па сега сме во фаза на кратење на вкупно 3 милијарди денари во образовниот сектор?! Дали новата владејачка структура намерно ги критикуваше инвестициите во здравството, за сега да реализира сомнителни зделки од типот набавка на „поквалитетен инсулин“ со трипати помала инвестиција во здравството, средства скратени од новиот Буџет токму за ставката за инсулин, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Јовевски вели дека овие и слични примери упатуваат само на чист реваншизам на грбот на граѓаните.

Укинати се токму оние проекти со кои ВМРО-ДПМНЕ извојува неколкукратни победи токму заради фактот што истите ги задоволуваа желбите на граѓаните и беа одговор на нивните потреби. Средствата од овие проекти сега ќе се користат единствено за плати и надоместоци на најголемите гласноговорници на СДС т.н. слободоумни демократи на кои не им чинеа досегашните политики на ВМРО, истакна Јовевски.

Вели дека токму таквите сега ќе се плаќаат од парите на граѓаните.

Деновиве се што покажува СДС е реваншизам и кратење на средствата наменети за проекти од витално значење за граѓаните. Се кратат 58 милиони евра од капитални инвестиции а се зголемуваат ставките за плати во сите министерства и агенции и тоа за вработувања на партиски членови. Се крати од средствата со кои се завршуваа проекти и градби на училишти и старски домови. Во Битола се кратат и обезбедените пари за Офицерскиот дом, за оној истиот за кој беа толку многу загрижени, за Копанки, за изградба на мултинаменскиот спортски центар, за експресниот пат Битола – Меџитлија. Се кратат и средства обезбедени за студентите, и тоа 10.040.000 денари помалку за Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, од средствата за училишни спортски сали како онаа во „Тодор Ангелевски“, затоа што побитно е да се вработи Бубо Каров и другите шарени таканаречени “револуционери”, посочи Јовевски.

Подеднакво трагично, вели тој, е што нема да има зголемување на пензиите и другите социјални надоместоци за граѓаните на кои им се најпотребни.

Јовевски додава дека за такви политички и неетички вредности се залагале и тоа го покажуваат при секоја можност пред граѓаните на Македонија!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top