| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните повеќе нема да ја носат ГДП во УЈП

Поднесувањето на годишните пријави во изминатите неколку години предизвикуваше поголеми гужви на шалтерите на УЈП и не по вина на даночната управа туку пред се поради неажурноста на граѓаните кои чекаа до последните денови на истекување на рокот за да ја завршат обврската. Затоа УЈП планира повеќе измени со користење на електронски систем.

Над 300 илјади граѓани колку што се проценува дека годишно поднесуваат даночни пријави, во иднина нема да имаат обврска самите да ја носат пријавата на шалтерите во Управата за јавни приходи (УЈП).

Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.

Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.

Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

Се работи за подобрување на систем кој значително ќе помогне за намалување на гужвите на шалтерите.

И со новиот систем со кои практично граѓаните се ослободуваат од обврската да одат на шалтер, се предвидува секој кој ќе се обиде да сокрие дел од приходите остварени во текот на годината, може да се најде на црната листа на управата за јавни приходи.

Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top