Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од пратеникот Антонио Милошоски се поклони денеска пред споменикот на Даме Груев во неговото родно Смилево.
„Поклон пред Дамјан Груев (1871-1906), синот на #Смилево, великанот на #ВМРО, апостолот на #Македонија!“, напиша Милошоски на Фејсбук.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ вчера положи цвеќе и изрази длабока почит пред споменикот на илинденците на Мечкин Камен.
–Денес прво на сите граѓани на Република Македонија од името на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам најголемиот слободарски празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денеска дојдовме да положиме букет пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен – истакна Милошоски вчера и додаде дека се одлучиле на овој чекор од неколку причини.
–Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да дадеме легитимност за нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, која ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им оддадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, која е темел на современа Република Македонија. И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизер и граѓани, кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање легитимност на прослави организирани од владата на СДС и на ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки што го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти, кои можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник – подвлече Милошоски.
Последните зборови на Даме Груев пренесени од внуката на Гоце Делчев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации
-
Сведоштва: Како загина Даме Груев (Видео)