Во општина Зрновци претпладнето избувна голем шумски пожар во месноста Трнавца мегу населените места Видовиште и Теранци. Во пожарот е зафатена голема површина од нискостеблеста шума со смрека. Огените јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена дабова и букова шума.
Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени вработените во Јавното комунално претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, како и Кочанската теритроријална противпожарна единица сио две возила и месносто население.
– За гаснење на пожарот кој од час во час зема се поголем замав, помош побарав и од републичкиот Центар за управување со кризи, од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Станков.
Бидејки се работи за непристапен терен, истакнува Станков и гаснењето на пожарот и негово локализирање се одвива мошне бавно.
Според кажувањата на очевидци кои први го забележале пожарот во месноста Трнавца кај каналот за наводнување мегу селата Видовиште и Теранци, пожарот бил предизвикан од невнимание на човечки фактор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.