Кошаркарите на Олимпијакос се на прагот да ја загубат титулата во Грција, по вториот пораз од Панатинаикос во финалето на плејофот. „Детелинките“ од Атина сега водат со 2-0 во финалната серија, што се игра до три победи. ПАО славеше со 63-52 и ќе има дури 3 меч топки за титула.
Перо Антиќ постигна 7 поени и имаше четири скока за десет минути, колку што мина на теренот. Македонскиот репрезентативец во дресот на Олимпјакос, заработи и техничка грешка поради кавга со судиите, откако не беше досуден фаул над него по едно забивање во нападот. Спанулис беше најефикасен кај „црвено-белите“ со 12 поени, а предводник на Панатинаикос беше Роко Укиќ, кој уфрли 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција