| четврток, 6 декември 2018 |

Рафа Надал повторно го освои Ролан Гарос

Шпанскиот тениски ас по осми пат во освои Париз.

Во финалето со 3 спрема 0 во сетови по победи неговиот сонародник Давид Ферер, кој првпат учествува во финале на еден гранслем-турнир.

Во сите три сета немаше дилема кој е апсолутен фаворит за победник на отвореното првенство на Франција во тенис.

Шпанецот, всушност, најголемата работа во Париз ја заврши во полуфиналето кога во 5 сета го победи најголемиот ривал Новак Ѓоковиќ.

– Му благодарам на Ферер за големата и жестока битка во финалето и му посакувам многу успеси во иднина – изјави веднаш по финалето Рафаел Надал за неговиот денешен противник.

По паузата поради повреда, Надал има само два порази во последните осум месеци.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top