Две безживотни тела вчера биле пронајдени во приземје од куќа во село Теранци кочанско. Телата ги пронашол С.М., потстанар во семејна куќа во Кочани.
Според првичните информации се работи за машко и женско лице кои се пронајдени мртви. Се работи за машко лице со иницијали С.Г. 42- годишен од Скопје и женско лице со иницијали Ј.П 25- годишна од Пробиштип.
Двете тела се најдени во лежечка состојба со прострелни рани во главата. Истрагата е во тек, а според првичните сознанија и кажувањата на соседите се работи за љубовна врска мегу починатите. Телата се предадени на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.