| четврток, 6 декември 2018 |

Санкциите за препродавачите на билети за Суперкупот по скратена постапка во Собранието

Собранието на Република Македонија попладнево ја почна 10-тата седница на која на дневен ред единствена точка е Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик поднесен од четири пратенички групи.

Законот се носи по скратена постапка, бидејќи измените се однесуваат на воведување санкции за нелегално продавање билети за Супер купот што треба да се одржи на 8 август 2017 во Скопје.
Ова, како што образложи еден од потписниците на предлогот Томислав Тунтев, е согласно правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено.
По точката од дневниот ред ќе се расправа откако ќе се создадат деловнички услови, односно откако предлогот ќе биде разгледан во собраниските комисии.
Собранието, по 15-минутна пауза, ќе продолжи со работа по дневниот ред на петтата седница, односно со разгледување на Извештај за работата на Агенција за администрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top