На покана на Европската фудбалска федерација (УЕФА), премиерот Зоран Заев вечерва присуствува на свеченоста за високите гости, по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Суперкупот на УЕФА.
На приемот за добредојде на гостите Заев се задржа во куси разговори со водечките функционери на двете фудбалски федерации – европската и светската, како и со членовите на управите и стручните штабови на двата клуба, учесници во УЕФА Суперкупот, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
„Заев изрази уверување дека се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје како домаќини, ќе ги оправдаат довербата и очекувањата и дека го заслужуваат вниманието на светот кое денеска и утре е свртено кон спортското одмерување на сили на фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“, соопшти владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.